Unilever ќе ги повлече рекламите од Facebook и Google

57

facebook

Фото: Pixabay

Една од водечките производствени компании Unilever се закани дека ќе ги повлече сите реклами од дигиталните платформи како Facebook и Google бидејќи, според компанијата, тие се претвориле во расадник на лажни вести и промоција на неетички вредности пренесува Money CNN.

Од Unilever одбиваат да рекламираат на платформи што прават поделби во општетсвото и имаат лошо влијание врз децата. Гигантот за производство ги поседува брендовите Dove, Lipton и Ben & Jerry’s, а нивниот буџет тежи околу осум милијарди евра.

Ова не се единствените критики упатени кон овие две социјални платформи. Google со години се справува со тужби, откако неколку компании откриле дека нивните реклами се прикажани заедно со непристојни видеа на видео платформата на YouTube. Facebook, пак, се соочи со критики за ширење лажни вести, користење лажни извори и поттикнување на зависноста од социјалните мрежи.