„Унипер“ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра

59

Германската енергетска компанија „Унипер“ ќе продолжи да плаќа за рускиот гас во евра, изјави денеска претставник на компанијата за ТАСС.

„Унипер“ ќе продолжи да плаќа во евра. „Унипер“ преговара со својот договорен партнер за конкретни услови за плаќање и се консултира со германската влада“, рече тој.

Претставникот на „Унипер“ не прецизираше дали компанијата отворила нова сметка во „Газпромбанка“ и не го наведе датумот на следната исплата.