УНИЦЕФ: 28 компании ќе произведуваат вакцини во следните две години

62

Огромни количини вакцини за коронавирус може да произведат 28 компании од десет земји во следните две години, соопшти УНИЦЕФ откако потврди дека тоа ќе помогне во управувањето со нивната набавка и дистрибуција.

УНИЦЕФ објави дека 28 фармацевтски компании потврдиле дека ќе бидат вклучени во производството на вакцината против Ковид-19 во следните две години, пренесува Reuters.

Сепак, производителите посочија дека проекциите за производство на вакцини во текот на следните две години во голема мера зависат од успехот на клиничките испитувања, склучените договори за откуп, потврдено финансирање и поедноставување на регулаторните процедури.

Улогата на УНИЦЕФ во управувањето со набавката и дистрибуцијата на вакцините е дел од програмата за развој на вакцините Ковакс, во која во моментов учествуваат 76 нации.

Во својата нова улога во рамките на програмата Ковакс, УНИЦЕФ е вклучен во купување и еднаква дистрибуција на вакцината за коронавирус. Агенцијата на Обединетите нации набавува повеќе од две милијарди вакцини за рутинска имунизација годишно во скоро сто земји во светот.

Фото: Freepik