Управата за јавни приходи ја објави 11-тата листа на должници

32

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави 11-тата листа на должници за долгови доспеани до 31.07.2015 година.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Кај физичките лица и самостојни вршители на дејност, кои се најдоа на оваа листа, долгот е повисок од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот надминува 300.000 денари.