Uradi – zaradi, платформа што штеди време и нуди зарaботувачка

49

alista

Фото: Pixabay

Српскиот старт -ап Uradi – zaradi е платформа што им овозможува на зафатените луѓе да делегираат задачи на оние кои се заинтересирани да заработат. Со намера на едно место да се соберат и поврзат луѓето на кои им е потребна одредена услуга и оние кои може да ја извршат, младиот тим од Белград составен од Душан Цемовиќ, Јелена Јоксимовиќ и Драгана Јовчиќ дошле до идеја да го развијат проектот Uradi – zaradi, пишува Netokracija.

Работата на техничкиот дел започна пред три години, а идејата се претвори во бизнис минатата година. Платформата Uradi – zaradi има над стотина корисници кои досега поставиле задача, а повеќе од 200 активни извршители кои ги поминале неопходните чекори за да се пријават за нејзино остварување.

“Потребата од ваков сервис дефинитивно постои бидејќи животот станува сè подинамичен, со премногу обврски коишто секогаш нè чекаат и не може да се завршат“, велат креаторите на проектот.

Најзастапени барања на сервисот се чистење и пеглање. Во рамки на категориите на сајтот се наоѓа и секција за транспорт на тешки предмети, набавка на карти за театар, натпревари, концерти, а исто така и поправки во домот и чување на домашни миленици.

“На нашите клиенти им помагаме да заштедат време користејќи мали и големи трикови и да уживаат во слободното време кое го добиваат користејќи ги нашите услуги“, вели Драгана Јовчиќ.

Идните планови на тимот се до крајот на годината да се прошират во Нови Сад, а во 2018 година ќе ги истражува можностите за ширење на хрватскиот и романскиот пазар.