Уред го претвора Wi – Fi сигналот во струја

35

Фото: Pixabay

Научници создадоа уред што собира енергија од Wi – Fi сигналот и истата ја претвора во електрична енергија, што може да се користи за полнење батерии на различни уреди, пишува Science Alert.

Станува збор за rectenna – rectifying antenna, којашто електромагнетната енергија ја претвора во еднонасочна струја.

Тим научници од Универзитетот МИТ и техничкиот Универзитет во Мадрид успеаја да создадат антена така што електромагнетните бранови, како што е Wi – Fi сигналот, ги собира како бранови на наизменична струја. Нив ги испраќа во дводимензионален полуспроводник што ги претвора во еднонасочна струја, по што произведува околу 40 микровати струја. Иако тоа е малку, според научниците е доволно за да свети една ЛЕД сијалица.