УСАИД го лансира првиот Младински летен камп за климатски промени

21

usaid

Во Струга, УСАИД денеска го лансира првиот седумдневен Младински летен камп за климатски промени во Извидничкиот камп Крсте Јон, во рамките на Проектот за подготовка на општински стратегии за климатски промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија. Кампот е за млади луѓе на возраст меѓу 15 и 17 години, од десетте партнер општини каде се спроведува проектот: Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово/Ростуша, Прилеп и Делчево, а ќе трае до 27 август. Комбинирајќи елементи на едукација и забава, искуството стекнато на кампот се очекува да ја подигне свеста на младите луѓе за негативните ефекти од климатските промени.

Се очекува дека учесниците ќе бидат лидери во пренесување на новооткриеното знаење и искуство на другите членови на нивните локални заедници, како и дека истите ќе помогнат во зголемување на јавната свест за начините на справување со климатските промени.

Преку Проектот за подготовка на општински стратегии за климатски промени,  УСАИД му помага на македонскиот народ од осум општини во создавањето на првите стратешки документи од ваков тип развиени во југоисточна Европа, кои го рефлектираат прашањето за климатските промени на општинско ниво. Ова се реализира во соработка со локалните граѓански организации, локалната самоуправа и граѓаните групи. Од 2012 година, овој проект им помага на Македонците да одговорат на глобалните закани од климатските промени на локално ниво. Досега спроведените проектни активности вклучуваат енергетско-ефикаснa адаптациja на јавни згради и објекти, изградба на нов резервоар за вода, поставување на енергетски-ефикасно улично осветлување, чистење на речните корита, уредување на земјиште со цел да се избегне ерозија, како и отстранување на стар и инсталација на нов филтер во општинска станица за прочистување на вода за пиење.