УСАИД и ЛЦИФ ги подобруваат образовните можности за децата со пречки во видот

25

usaid-580x500

Проектот на УСАИД и Лајонс клуб Меѓународната Фондација за децата со пречки во видот, имплементиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), денеска го одбележаа отворањето на новиот ресурсен центар за деца со пречки во видот во Штип.

Покрај центарот во Штип, преку овој проект се отворени и опремени ресурсни центри во Скопје, Тетово, Битола и Велес. Овие центри ќе овозможат подобри услови, ресурси и директна поддршка за децата со пречки во видот со цел се подобри нивната писменост и образовните можности. Сите центри се опремени со најсовремена технологија потребна за образовниот процес за децата со пречките во видот и тоа “паметни“ табли, Браеви машини, Браеви принтери, тактилен фјузер, компјутери со софтвер за адаптација на текст на Браево писмо, тактилни патеки и останати дидактички материјали.

Еден од најзначајните ресурси во центрите се специјалните едукатори кои ќе спроведуваат дополнителна настава од 10 часа неделно за децата, користејки индивидуализиран пристап базиран на потребите на децата. Ова е особено важно за децата кои имаат комбинирана попреченост. Во секој центар во моментов работат со групи од 5-10 деца, а проектниот тим очекува таа бројка да се зголемува со подигнувањето на јавната свест кај луѓето за постоењето на овие центри и можостите што ги нудат.

“Образованието е фундаментално за човековиот развој и е критички поврзано за развојот на економијата, здравствените резултати и владеењето на демократијата. Овозможување на еднаков пристап до ообразование за лицата со попреченост е една од глобалните цели на УСАИД“, изјави Кристина Путни, претставник на УСАИД.

Во рамките на проектот досега се отпечатени триесетина учебници на Браево писмо. Целта на проектот е сите учебници за основното училиште (1 – 9 одделение) да се конвертираат на Браево писмо на македонски, албански и турски јазик.

Тим од 15 офталмолози врши бесплатени очни прегледи (скрининзи) за деца од предучилишна возраст (3-6 години) во детските градинки. Од минатото лето, па до сега, скоро 2.000 деца се прегледани во градинките од градовите Скопје, Штип, Охрид и Велес. Со користењето на специјална преносна медицинска опрема која е набавена во рамките на проектот, може да се вршат прегледи и во оддалечените области и помалите градови во Македонија. Сите податоци се внесуваат во електронскиот систем развиен од страна на Универзитетот на ЈИЕ, каде офталмолозите, здравствени институции и болниците ќе имаат пристап до статистички извештаи и податоци. Лајонс клубовите од различни градови помагаат во реализацијата на овие кампањи за бесплатни очни прегледи.