УСАИД и Општина Тетово ќе промовираат можности за вработување за жени од руралните предели

63

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Општина Тетово, утре ќе го одбележат Интернационалниот ден на руралните жени со настан кој ќе промовира нови можности за вработување за жените од руралните предели на Полог. Пред руралните жени од Полог ќе биде презентирана главната можност за вработување, собирањето на диви билки, шумски плодови и печурки, растенија кои се во изобилие присутни во планините и шумите на Полог.

Професионалните собирачи на диви растенија можат да заработат двојно повеќе од просечната плата во Македонија (околу 40.000 денари) во текот на 8-10 месеци секоја година. Во зависност од бројот на постоечки откупни центри, се проценува дека од оваа активност можат да заработуваат околу 500 рурални жени од Полог. Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси го поддржува собирањето на диви растенија преку обучување на собирачи од Полог и воспоставувањето на новиот откупен центар Меби-Прима во с. Пирок.

По поздравното обраќање на г-ѓата Теута Арифи, градоначалник на Тетово, ќе се обратат и г-ѓата Мери Џо Волерс, сопруга на Амбасадорот на САД, Пол Волерс, г-динот Мендерес Кучи, Претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г-динот Гзим Ајдини, сопственик на откупниот центар Меби-Прима и претставници од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.