УСАИД и ПроКредит банка заеднички ќе им помагаат на земјоделците да го модернизираат работењето

19

prokredit

На 30 септември УСАИД потпиша 5-годишен договор за заемски гаранции со ПроКредит банка со кој ќе се олесни пристапот на македонските земјоделци до кредити за капитални инвестиции и надградба на оперативното работење со намалување на колатералот што се бара од нив.

Џејмс Стајн, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија објасни: “Нашата цел е да работиме заедно со банките како ПроКредит за да овозможиме финансирање на мали, индивидуални земјоделци кои имаат добри бизнис планови за проширување на нивното земјоделско производство, а ги немаат средствата за обезбедување на кредитот кои вообичаено се потребни”.

slika

Овие банкарски заеми треба да им помогнат и на земјоделците и учесниците во преработувачката индустрија кои сакаат да аплицираат за финансиската поддршка од ИПАРД и Националната програма за поддршка на земјоделството, програми кои функционираат на база на поврат на инвестираните средства што значи дека земјоделците сами треба да ја финансираат набавката на опрема пред да ја добијат финансиската помош. Со лесно достапните и прифатливи кредити на ПроКредит банка во соработка со УСАИД земјоделците ќе бидат во можност да го модернизираат работењето и со тоа да ја зголемат продуктивноста и профитабилноста.

Во следните 5 години, ПроКредит банка очекува да издаде кредити во вкупен износ од над 6 милиони долари.

УСАИД со поддршка на Владата на Македонија се надева дека оваа соработка ќе ја прошири и со другите заинтересирани банки.

Сите заинтересирани земјоделци треба директно да ја контактираат ПроКредит банка.