УСАИД им помогна на 170 лица со попреченост да најдат работа

44

usaid-580x500-580x500

Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост (Проектот), имплеметиран од Моја Кариера, денеска заедно со своите партнери и корисници ги прослави постигнатите резултати по повод свечено затворање на проектот.

Во последните четири години, Проектот го зголеми учеството на лицата со попреченост во општеството преку подобрување на нивните работни вештини. Лицата со попреченост посетуваа обуки и различни практични настави. Исто така, на овие лица им беше помогнато да најдат работа или да започнат сопствен бизнис.

“Лицата со попреченост се лица со многу способности и треба да ги имаат истите права и можности како останатите. Обезбедување на овие можности беше целта на овој проект”, изјави Џејмс Стајн, директор на Мисијата на УСАИД во Македонија. Тој допполни: “И покрај сè што славиме денес, сè уште може многу да се направи за да се обезбедат правата на лицата со попреченост.”

Г-дин Стајн дополнително ги охрабри присутните да продолжат со зголемување на можностите за целосно вклучување на лицата со попреченост во македонското општество.

Преку Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост, досега се овозможени 170 вработувања во приватни компании, невладини организации и јавни институции, од кои 12 се самовработувања. Реализирани се 90 практични настави за лица со попреченост. 424 лица со попреченост се обучени на тема „Стратегии за барање на работа“; 49 лица со попреченост се обучени на тема „Претприемачки вештини“; 63 лица со попреченост се обучени на тема „Развивање креативни вештини на лица со попреченост“. Дополнително, 267 лица  од различни приватни компании, организации и јавни институции ја посетија обуката „Методологија за успешно менторство на лица со попреченост.“