USAID ќе го модернизира производството на пченка во североисточна Македонија

22

Проектот на USAID за експанзија на мали бизниси го одбележа проширувањето на иницијативата Да одгледуваме повеќе пченка во североисточна и вардарска Македонија со неформална демонстрација на ефективноста и леснотијата за користење на системот капка по капка. По кратка изјава, амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, свечено вклучи два од новите 30 системи за наводнување капка по капка.

“Минатата година бевме сведоци на неверојатни резултати во Полог и Пелагонија каде земјоделците кои го користеа системот успеаа да ги зголемат проносите за повеќе од 50%. Овој пристап кон земјоделството е економски и еколошки разумен. Системите капка по капка ја користат водата до 60% поефикасно од традиционалното наводнување и ги спречуваат ѓубривата од протекување во подзените води преку почвата“, рече Волерс.

На настанот присуствуваа и градоначалниците од североисточниот и вардарскиот регион, директорите на млекарите Милком и Здравје Радово, претставниците на АПРЗ и ФФРМ, како и земјоделците од двата региони.