УСАИД повторно ја воспоставува програмата за кариерно советување во средните училишта

44

Проектот на УСАИД Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС) денеска одржа прослава по повод постигнувањето на зацртана цел и панел – дискусија за Програмата за кариерно советување во средните училишта, заедничка иницијатива со Министерството за образование и наука. Преку програмата, наставниците се обучуваат да ги поддржат учениците при истражувањето на своите таленти и интереси, дефинирањето на своите аспирации и подобро да ги разбираат нивните вредности. Тие ги насочуваат учениците при пишување на индивидуални кариерни планови и им обезбедуваат информации за условите на пазарот на трудот, за трендовите на пораст на работни места и за побарувачката на разни групи вештини. На овој начин, учениците можат подобро да ги урамнотежат своите лични избори со реалноста на пазарот на трудот и поинформирани да донесуваат одлуки во врска со своето идно образование и вработување.

Во својот говор, Директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн, забележа: „До крајот на годинава, УСАИД ќе опреми кариерни центри во половина од сите средни училишта во земјата. Развивме програма за кариерно советување за да се осигуриме дека секој од тие центри ќе има квалификуван кадар којшто на учениците ќе им нуди индивидуализирано водство. Вистинската вредност на тие кариерни центри се професионалците коишто работат таму.“

До денес, програмата им има помогнато на повеќе од 100 наставници и претставници од стручните служби да станат вешти кариерни советници. За време на претходната година, преку 2.000 ученици од средните училишта извлекоа полза од оваа програма.