Уште девет дена до крајот на наградната игра на Халкбанк – Вози Мини со три дисциплини

54

image2

Остануваат уште само девет дена до крајот на големата наградна игра на Халкбанк АД Скопје Вози Мини со три дисциплини, во којашто главна награда е автомобилот Mini One, стои во соопштението.

Според информациите, за наградната игра којашто трае до крајот на ноември има голем интерес во јавноста. Освен Mini, секој учесник во Вози Мини со три дисциплини може да освои и други вредни награди како iPhone 7 смарт телефони и Samsung таблети.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица кои се или ќе станат корисници на трите производи на Халкбанк: MasterCard Debit Contactless дебитна платежна картичка; услуга електронско банкарство  (активирање и користење без надомест до 31.01.2018) и СМС инфо услуга (активирање и користење без надомест до 31.01.2018)

Сите оние кои веќе ги користат трите горенаведени производи на Халкбанк, сѐ што треба да направат е да ја посетат најблиската филијала на Халкбанк и да пополнат изјава за согласност за учество во наградната игра со која стануваат потенцијален добитник на Mini One автомобилот или некоја од останатите награди.