Уште еден гигант целосно се повлекува од Русија

168

Концернот Сименс објави дека целосно го прекинува својот бизнис во Русија.

„Ја осудуваме војната во Украина и одлучивме да го прекинеме нашиот бизнис во Русија“, изјави извршниот директор на Сименс, Роланд Буш.

Компанијата веќе покрена соодветни процедури за стопирање на производството, како и затворање на сите индустриски операции. „Оваа одлука не е лесна за нас“, нагласи Буш. Сименс моментално ги проверува последиците за руските вработени и најави дека „ќе продолжи да ги поддржува колку што е можно повеќе“.

По рускиот напад на Украина, Сименс веќе престана да започнува со нови деловни и меѓународни испораки во Русија и Белорусија. Во тие две земји концернот остварил околу еден процент од вкупниот промет.