Уште еден месец за електронско пријавување даноци

21

extract_from_3621_3741_ujp-750__makedonija24_595Од 1 јули стапува на сила законската обврска за тримесечните ДДВ обврзници кои наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка треба да ги поднесуваат по електронски пат до Управата за јавни приходи.

Според статистичките податоци на УЈП, вкупни тримесечни ДДВ обврзници се 17.290 од кои регистрирани за електронско пријавување се 11.005, а 6.285 имаат еден месец да го сторат тоа.

Од УЈП апелираат даночните обврзници навреме да ги преземат неопходните чекори и да се приспособат на новините во даночното работење, бидејќи во спротивно нема да бидат во состојба да поднесат даночни пријави и да пријават данок во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.

За регистрација и користење на сервисот е-Даноци фирмите треба да поседуваат Дигитален сертификат на УСБ токен, издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС, интернет конекција и е-Пошта.