Уште еден милијардер влегува во вселенската трка

99

На милијардерите Ричард Бренсон, Џеф Безос и Илон Маск, како технолошки претприемачи кои започнаа разни проекти поврзани со вселената, наскоро треба да им се придружи уште едно звучно име од оваа индустрија.

Коосновачот на Apple, Стив Вознијак е еден од иницијаторите на новата вселенска компанија Privateer Space, која ќе биде “потполно различна од другите“.

Privateer е компанија која има мисија да “работи на одржување на вселената безбедна и достапна“ за сите луѓе и генерациите што доаѓаат по нас.

Заедно со Вознијак, ко-основач на Privateer е Алекс Филдинг, исто така поранешен вработен во Apple и член на тимот кој го создаде првиот iMac.