Уште еден неуспех на Илон Маск

44

Четвртиот пробен лет на ракетата Starship на SpaceX не успеа и прототипот се сруши, потврди основачот на компанијата, Илон Маск на Twitter.

“Нешто важно се случило при спуштање. Ќе откриеме што е проблемот подоцна“, напиша Маск, по трите неуспешни обиди.

Третиот прототип на ракетата Starship на SpaceX експлодираше на почетокот на март по успешниот лет и слетувањето. Претходните два обида завршија со пад при самото слетување.

Основачот на SpaceX, милијардерот Маск, развива нова генерација на ракети коишто треба да бидат лансирани на Марс и на Месечината.

И покрај неуспесите, SpaceX собира вредни податоци што ќе му обезбедат забрзување на развојот на вселенската програма.

Фото: Twitter