Уште еден синџир за брза храна заминува од Русија, се затвораат повеќе од 1.000 ресторани

26

Yum Brands, компанија која поседува синџири за брза храна KFC и Pizza Hut, е блиску до продажба на KFC во Русија како дел од нејзиниот план за излез од тој пазар, објави компанијата во вторникот.
Компанијата соопшти дека планира целосно да излезе од Русија откако ќе заврши трансакцијата на KFC. Yum од март соопшти дека го пренасочува целиот профит од своите операции во Русија за хуманитарни цели додека работи на излез од тој пазар. Компанијата додаде дека исто така ги запира сите инвестиции и развој, пренесува  CNBC.

Во мај, тие ја продадоа својата франшиза од руската Pizza Hut, која моментално се ребрендира.

Yum Brands, која исто така е сопственик на синџирот ресторани Taco Bell, објави во март дека ќе ги прекине своите операции во Русија, кога го активираше фондот за помош при катастрофи и даде донации за Црвениот крст, УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Меѓународниот комитет за спасување.

Yum е најновата западна компанија која ја прекина работата во Русија откако силите на Кремљ ја нападнаа Украина. Mc Donalds ги продаде сите свои ресторани на постојниот носител на лиценцата во мај.

Од повеќе од 54.000 локации што ги има Yum Brands ширум светот, имаше околу 1.000 KFC ресторани и 50 ресторани за Pizza Hat во Русија, од кои повеќето работеа според договори за франшиза.