Уште една “голема оставка“: Си заминува директорот на LinkedIn

317

Големи промени доаѓаат на врвот на најголемата деловна мрежа LinkedIn. Главниот извршен директор Џеф Вајнер, кој го водеше LinkedIn последните 11 години, испратил електронска пошта на сите 16.000 вработени во компанијата, најавувајќи дека ја напушта функцијата.

Актуелниот шеф за потрошувачка во LinkedIn, Рајан Рослански, ќе го преземе местото извршен директор од први јуни, додека Вајнер ќе биде извршен претседател.

LinkedIn е во сопственост на Microsoft, па Рослански ќе одговара директно на генералниот директор Сатја Надела.

Вајнер својата одлука ја сподели и на LinkedIn. Во време на корпоративни немири, Вајнер и Рослански во тандем завршија мајсторска работа проектирајќи стабилност на мрежата.

2019 година рекордна по заминување на извршни директори

Во текот на 2019 година, голем број на извршни директори во големи компании ги напуштија своите позиции, рече Eндру Челенџер, потпретседател на компанијата Challenger, Grey & Christmas, агенција којашто се занимава со тие промени.

Компанијата наведе дека 1.640 извршни директори ги напуштиле своите функции, што е пораст од 12,9% во однос на претходната година.

Иако е често во интерес на компаниите заминувањата да ги прикажуваат како глатки, незабележителни и доброволни, неодамна се случија непријатни заминувања. Стив Истербрук (McDonald’s), Адам Неуман (WeWork), Џон Чидси (Subway), Кевин Планк (Under Armour)…

Фото: YouTube/Printscreen