Овие извршни директори ја напуштија функцијата или добија отказ оваа година

73

Само во текот на месец октомври, 172 извршни директори ја напуштија оваа функција, што претставува своевиден рекорд.

CNN веќе го пренесе извештајот на фирмата Challenger, Gray and Christmas, којашто ги прави овие анализи. Според податоците, скоро 1.500 извршни директори ги напуштиле своите позиции во период од јануари до ноември оваа година. Ова претставува пораст од 12% во споредба со истиот период лани.

Од Challenger, Gray and Christmas велат дека постојат неколку фактори поради кои овие луѓе ги напуштаат компаниите што ги водат.

Меѓу познатите извршни директори, како што наведува CNN, кои ги напуштија своите компании се:

Лари Пејџ на Alphabet – тој на почетокот на овој месец најави дека повеќе нема да биде извршен директор на Alphabet. И Сергеј Брин, претседател на Alphabet најави дека си заминува од таа позиција.

Девин Вениг од eBay – ја напушти позицијата во компанијата во септември. Сајтот за аукции и онлајн трговија се обидува да промени својот фокус откако наиде на силен притисок од инвеститорите.

Арт Пек од Gap – се повлече од раководната функција по 15 години поминати во фотелјата на Gap. Тој беше еден од најплатените директори во секторот трговија.

Ричард Плепер од HBO – во февруари најави дека заминува од премиум кабелската мрежа по три децении работа. Не даде некое посебно образложение за своето заминување, туку преку мејл на вработените им кажа “сега е вистинското време да го направи тоа“.

Бернардо Хис од Kraft Heinz – тој ја напушти директорката фотелја по четири години. Оваа година, како што се наведува, беше исклучително тешка година за неговата компанија.

Стив Истербрук од McDonald’s – неговото заминување предизвика лавина реакции во јавноста бидејќи бил во врска со вработена во синџирот ресторани за брза храна.

Марк Паркер од Nike – во ноември најави дека ја напушта главната позиција во компанијата каде што беше од 2006 година, а во Nike имаше работен стаж уште од 1979 година.

Фото: Pixabay