Извршниот директор на Nike ја напушта позицијата по 13 години

41

Марк Паркер, извршниот директор на американскиот гигант Nike, си оди од челната позиција на компанијата по цели 13 години. Шеесет и четири годишниот Паркер, е дел од спортскиот бренд од 1979 година.

Пред да стане извршен директор во 2006 година, работел на позиции како продукт дизајнер и ко-бренд претседател, пишува CNN.

На негово место доаѓа Џон Донахоу, член на одборот на Nike и извршен директор на компанијата за обработка на податоци во облак ServiceNow, Inc.

Откако ќе ја напушти челната позиција во компанијата на 13 јануари 2020 година, Паркер ќе стане извршен претседател.

Тој е изумителот на Nike Air, технологија што ги прави ѓоновите на патиките лесни за трчање, со помош на таканаречени “воздушни меурчиња“.

Фото: Facebook