Лари Пејџ ја напушта позицијата главен извршен директор во Alphabet

239

Извршниот директор на Alphabet, Лари Пејџ најави дека ја напушта таа позиција. Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи ќе ја презеде и таа должност, пишува CNBC.

Соосновачот на Google, Сергеј Брин, исто така, ќе ја напушти претседателската функција во Alphabet со што тоа место ќе биде елиминирано.

“Бидејќи сега Alphabet добро функционира, а Google и останатите компании се ефикасни во своето самостојно работење, природно се наметна потребата да ја поедноставиме нашата управувачка структура. Никогаш не се водевме до тоа да мора ние да ги држиме управувачките места кога веруваме дека постои подобар начин на управување. Па така, Alphabet и Google веќе немаат потреба од двајца извршни директори и претседател“, велат Пејџ и Брин.

Тие двајца и понатаму ќе останат “активно вклучени“ како членови на одборот на Alphabet. Пејџ и Брин се соосновачи и го имаат управувачкиот пакет на акции во компанијата.

Google уште во 2015 година најави дека ќе се ребрендира под името Alphabet.

Инаку, Лари Пејџ е првиот човек на светски најпознатата интернет компанија Google. Пејџ заедно со Сергеј Брин ја основаа оваа компанија во 1998 година.

Фото: Facebook