Дури 172 извршни директори во октомври ги напуштија своите функции

77

Дури 172 извршни директори во текот на октомври ги напуштиле своите функции, што претставува рекорд. McDonald’s, Juul, WeWork, Under Armour, Nike, се само некои од компаниите чии челници повеќе не се дел од раководството, пишува CNN.

Според извештајот на фирмата Challenger, Gray and Christmas, којашто ги прави овие анализи, октомвриската бројка е за 14% поголема споредено со таа од септември.

Минатата година во октомври 149 извршни директори си заминале од таа функција што е за 15% помалку од рекордната бројка од минатиот месец.

Вкупно, досега во 2019 година 1.332 извршни директори ги напуштиле своите позиции, што е исто така годишен рекорд, од 2002 кога фирмата започна да ги прави овие анализи.

Од телекомуникацискиот и електронскиот сектор си заминале 188 директори, додека од финансиските компании 104.

Фото: Pixabay