Уште една земја најави ковид пасоши – за вакцинираните уште од јануари

106

Жителите на Русија кои се вакцинирани против коронавирус од јануари 2021 година автоматски ќе можат да добијат пасош кој ја потврдува вакцинацијата (на сајтот за државни услуги Gosuslugi), изјави министерот за здравство Михаил Мурашко.

“Планирано е во јануари, на веб-страницата за државни услуги, да биде достапна можноста, меѓу другото, автоматски да се добие пасош за вакцинирано лице со внесување лични податоци“, рече Мурашко.

Тој исто така рече дека 80% од вкупниот број заразени со коронавирус во Русија, или околу 900.000 луѓе, се лекуваат дома.

Мурашко посочи дека во последните денови се забележува позитивна динамика и дека бројот на заразени е намален за 4%.

Од почетокот на пандемијата во Русија, заразени се 3.105.037 лица со Ковид-19. 

Фото: Pxabay