Уште една земја размислува да купи руска нафта

100

Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека размислува да им се придружи на Индија и Кина во купувањето руска нафта со цел да го намали зголемениот притисок врз цените на енергијата, објави Фајненшл Тајмс.

Ние секогаш ги следиме сите опции. Ако има земја која ќе даде подобра цена, зошто да не – изјави Видодо во интервју за лондонски весник, на прашањето дали Џакарта би купувала нафта од Русија.

Претходно овој месец, Видодо ги зголеми субвенционираните цени на горивото за 30 отсто и рече дека зголемувањето на цената е неговата „последна опција“ поради фискалните притисоци, што предизвика протести низ целата земја со 270 милиони луѓе.

Сепак, секој потег за купување руска сурова нафта по цени над оние договорени од земјите од Г7 може да ја подложи Индонезија на американски санкции.