Цементарница Усје минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.058.394.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – декември 2017 година, компанијата прикажа добивка од 1.093.372.000 денари.
Заклучно со 31-ви декември 2018 година, вкупните приходи достигнаа ниво од 4.422.409.000 денари. На домашен пазар отпаѓа поголем дел од 2.909.353.000 денари, додека 1.513.056.000 денари се остварени на странски пазар.