Цементарницата Усје од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 574.088.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка во висина од 518.527.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првата половина од годината беа на ниво од 1.967.722.000 денари. Од тој износ, 1.505.598.000 денари се остварени на домашен пазар, додека остатокот од 462.124.000 денари на пазари во странство.