Условениот увоз на пченица се однесува на сите членки на ЦЕФТА

48

pcenicaОдлуката за воведување на мерката за условен увоз на пченица и брашно ќе биде укината кога ќе процени Владата, односно Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство дека се исполнети два услови. Првиот дека во целост е извршен откупот на домашната пченица и дека се создадени услови за стабилизирање на пазарот со брашно.

Ова го истакна минстерот за земјоделството, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во рамки на денешната собраниска седница на која пратениците поставуваат прашање до членовите на Владата.

Одговарајќи на пратеничко прашање, Димовски рече дека условениот увоз на пченица се однесува на сите членки на ЦЕФТА, а не само на Србија.