Repsly, хрватски старт-ап основан во 2010 година под името Salespod, обезбеди 1,25 милиони долари инвестиции од Lauchpad Venture група од Бостон, First Beverage група од Лос Анџелес и K5 Ventures од Германија.
Repsly е компанија која се занимава со развој на деловно решение и пружање услуги по моделот software-as-a-service (SaaS). Фокусирани се на оптимизација на работата на теренските работници и нивните менаџери, на тимовите кои циклично ги обиколуваат своите клиенти и спроведуваат активности како унапредување на продажбата, истражување на пазарот, нарачки или редовен сервис и одржување.
“Развивме производ кој значително го унапредува спроведувањето на теренските процеси и многу фирми во светот тоа го препознаа”, вели основачот и претседател на Управата, Марко Ковач, пишува Т-портал.
Некои од клиентите што го користат Repsly за мобилно собирање и анализа на податоци, како и за унапредување на теренските активности се Nike Golf, L’Oreal, KIA Motors, Keune, Philips, Franck, Jagermaister. Repsly го користат преку 200 компании во 40 земји. Маркетиншкиот дел на фирмата се шири во Бостон, а во план е зголемување на развојниот тим во Загреб.