Успешен бизнис благодарение на жолти и црвени картони

43

crveni i zolti kartoni

Сите љубители на најважана споредна работа во светот уживаат во Светското првенство во Бразил, но малкумина сакаат нивната омилена репрезентација да “заработи“ жолт или црвен картон.

Но, има и такви кои имаат одлична заработка и успешен бизнис со изработка и продажба на овие картони. Еден од најважните дистрибутери на картони во Хрватска и регионот е компанијата Mercury од Карловац. Нејзиниот сопственик, Никола Сумина Лауфер, објаснува дека е генерален застапник на една од најквалитетните спортски трговски марки – дански Select.

“Цената на комплетот е околу 20 куни (2,6 евра). Станува збор за пластичен материјал кој мора да биде добро видлив и отпорен на влага“, вели Сумина Лауфер, пренесува Вечерњи лист.

Кога станува збор за топките, бизнисменот од Карловац е уверен дека за фудбалот и ракометот не постојат подобри топки од данските.

“Компанијата Select е формирана во 1947 година од Еигил Нилсен, кој аматерски играше фудбал во родната Данска, а по окупацијата на Хитлер побегна во Шведска. Во тамошната репрезентација бил главен напаѓач, центарфор, а по војната се вратил во Данска каде што бил голман на тамошната репрезентација. Незадоволен од топките, одлучи да ја направи совршената топка. Тоа резултираше со нова структура и патентиран вентил како што имаат сите топки. Неговите топки станаа стандард за ракомет и без него не поминува ниту едно првенство или Олимпијада. Нивната вредност беше препознаена и во квалитетниот фудбал“, додава Сумина Лауфер.

Select во 90-тите години беше голем спонзор на хрватскиот спорт, со нивните топки играа Хајдук и Осјек.

Компанијата Mercury во овој момент вработува 10-тина работници, а остварува приход од 1,3 до 1,7 милиони евра.