Од 21 до 23 ноември, како дел од проектот e – Engagement, во Прилеп се одржа завршна конференција на која учествуваа најмотивираните и најактивните учесници од едукативните работилници кои се одржаа изминатиот период во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци.
Проектот е организиран од страна на Младински Сојуз, а со поддршка на фондацијата е – Македонија на Македонски Телеком.
Овој едукативен караван имаше за цел да ги мотивира младите да развијат вештини и поефективно да се вклучат со дигиталното општество.
“Преку овој проект се обидовме да ги охрабриме младите да ги користат дигиталните алатки во насока на себеусовршување, а потоа и во насока на градење позитивни промени во општеството преку нивна употреба“, изјави Маријана Јанческа, прв проектен асистент на проекот e – Engagement.
На конференцијата, на која учествуваа 50 млади лидери, се дискутираше за поефективно електронско учество, а беа презентирани и неколку успешно спроведени акции во Македонија преку социјалните мрежи.
“Наша цел како фондација е поефективно вклучување на младите во е – заедницата, а преку проектот е – Engagement го постигнавме токму тоа. Интересот и посетеноста на работилниците јасно покажаа дека има и тоа каква потреба за мотивирање но и усовршување на младите за подобро користење на дигиталните медиуми што ќе им помогне подобро да се интегрираат, да реагираат и да се вклопат во општеството“, изјави Радмила Јончевска, директор на фондацијата е – Македонија на Македонски Телеком.
Проектот е – Engagement опфати пет градови низ Македонија, а учество земаа над 200 млади луѓе.