Усвоен планот на Бајден вреден 1.900 милијарди долари

41

Сенатот го усвои планот на американскиот претседател, Џо Бајден за закрепнување од пандемијата во висина од 1.900 милијарди долари.

Пакетот вклучува 400 милијарди долари за еднократна исплата на поголем дел од Американците во износ од 1.400 долари, 300 долари неделно за продолжен надоместок за 9,5 милиони луѓе кои останале без работ и 350 милијарди долари помош на државните и локалните власти.

Планот на Бајден во сенатот помина со 50 гласови “за“ и 49 “против“, а ниту еден републиканец не гласаше за еден од најголемите пакети за поддршка во историјата на САД. Расправата и гласањето за законот трае рекордни 11 часа и 50 минути.

Законот се враќа во претставничкиот дом којшто пред една недела одобри поинаква верзија.

Фото: Pexels