
Од НБРМ информираат дека ќе бидат презентирани два труда, Фактори кои влијаат врз продуктивноста на фирмите по промена на сопственоста: резултати од квази-експериментално истражување на автор Филип Јолевски и Анализа на структурните карактеристики на македонската економија: оцена на детерминантите на продуктивноста преку користење на податоци на ниво на фирми чиј автор е автор Билјана Јовановиќ.
Заинтересираните за присуство треба да се пријават најдоцна денеска на тел. +389 2 3298-505.
Од Народна банка напоменуваат дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер и подетални информации може да се видат на Клуб на истражувачи.