Утре пороен дожд, во петок ветер до 80 km/h

39

Во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне во јужните и источните делови од државата, каде локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта и во петок наутро на планините и на повисоките места ќе има слаби врнежи од снег. Во петок ќе дува засилен до силен северен ветер со брзина до 80 километри на час.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време.