Утре повеќе делови од Скопје без струја

23

Од Регионалниот центар за управување со кризи, по известувањето добиено од ЕВН, соопштуваат дека во текот на утрешниот ден, без електрична енергија ќе бидат повеќе делови од Скопје.

Во периодот од девет до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Киро Крстевски бр.22 и 24 во општина Центар.

Од 09.30 до 15.30 дел од корисниците од селото Кондово улицата број 2, во близина на пругата – општина Сарај, а во период од 12.30 до 15.30 дел од корисниците од улицата Јан Хус, во општина Карпош.

Од 16 до 19 часот без струја ќе бидат дел од улиците Лука Геров, Пелинце и Антон Чеков во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија од 9.30 до 15 часот ќе останат корисниците од селото Горно Блаце во општина Чучер – Сандево, а од девет до 13 часот корисниците од улицата Финска и околните улици околу неа во населбата Сингелиќ.