Утре се доделуваат наградите за Златно Тркало 2021

39

Гласањето за второто по ред издание на Златно Тркало заврши, а автомобилските ентузијасти и фанови го кажаа својот став.

По крајот на гласањето за годинешното издание на Златно Тркало 2021, на ред дојде да се доделат и златните статуетки. На специјален настан, со следење на сите мерки и протоколи, организаторите на Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил ќе ги доделат наградите на лауреатите на второто издание на Златно Тркало.

Организаторите Авто Плус, заедно со CarClub, Cars by Vik и RPM, ќе ги доделат златните статуетки на годинешните победници на 18 мај (вторник) со почеток во 19:45, а водител на настанот ќе биде најпопуларниот актер во нашата земја, Сашко Коцев.

На настанот ќе присуствуваат победниците во секоја од категориите, а друштво ќе им прават и финалистите. Целиот настан ќе можете да го следите во живо на страниците на Авто Плус, или пак на официјалниот фејсбук профил на Златно Тркало.

По успешното прво издание на Златно Тркало, традицијата продолжи оваа година, а јавноста во Македонија ги избра најпосакуваните автомобили за 2021 година. За потсетување, гласањето траеше од 1 до 14 март и кандидатите се натпреваруваа во четири категории.

Преземено од Avtoplus.mk