Утре се отвора новиот трговски центар во Скопје – Capitol mall and residence

82

Во скопската општина Аеродром утре ќе биде официјално отворен трговскиот центар Capitol mall and residence кој се простира на 33.500 метри квадратни.

Инвестицијата е на домашната компанија Сити Плаза ДОО Скопје, поддржана од банките во Македонија, а вредноста е 30 милиони евра. Трговскиот центар ќе овозможи отворање на 500 работни места.

Првите четири нивоа од 12.500 метри квадратни се наменети за шопинг центар, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири ката. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.

Во шопинг центарот Капитол мол има 62 локали, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел, детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

За изградбата на објектот беа ангажирани над 250 работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство.