Утре завршува повикот за аплицирање на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025

13

leader-makedonija-2025

Повикот за аплицирање на десеттото по ред издание на ЛИДЕР Проектот во Македонија, на невладината организација Македонија2025, завршува утре.

Проектот ќе се одржи во мај во Скопје, а 40 учесници ќе добијат целосни стипендии од страна на Македонија2025, каде се вклучени предавањата, материјалите, како и освежувањата за време на паузите.

Ivey School of Business го организира ЛИДЕР Проектот уште од 1991 година. Оваа бесплатна програма претставува десетдневна МБА работилница, којашто им овозможува на претприемачите да ги развиваат своите локални бизнис решенија, , коишто ќе отворат можности за нивните заедници. Во текот на програмата учесниците на Лидер Проект ќе бидат во можност да го надградат своето знаење преку предавањата на врвни МБА инструктори кои зад себе имаат неколкугодишно работно искуство во менаџмент и телекомуникации, индустриско производство, нанотехнологија и мехатроника, деловни стратегии, дигитални екосистеми, бизнис инкубатори и други сфери.

Кој треба да аплицира: Ако сте претприемач, менаџер, сопственик на компанија или млад професионалец, кој делува локално, а мисли глобално и ако сте решени да ја остварите Вашата идеја, тогаш ЛИДЕР Проектот е за Вас.

Што ќе научите: Алатки за анализа, процеси за размислување и вештини за донесување одлуки кои се потребни на секој претприемач и менаџер за надминување на предизвиците и за да напредува.

Кога и каде ќе се одржи: ЛИДЕР Проектот ќе се одржи од осми до 19-ти мај, секој работен ден од 12 до 16 часот, во Дипломатик Салата на Скопскиот Саем.

Само на учесниците кои ќе присуствуваат на минимум осум денови од работилницата, ќе им бидат доделени сертификати.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.