УТТ Македонија со добивка од 3,5 милиони денари ја заврши минатата година

57

utt-makedonija

Угостителската компанија УТТ Македонија, во чии рамки влегуваат хотелите Епинал и Широк сокак од Битола, 2016 година ја заврши со добивка од 3.568.000 денари.

Една година претходно, според билансот на успех, компанијата оствари загуба од 1.855.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, изнесуваа 76.084.000 денари.

Основна дејност на компанијата е давање на угостителски услуги и услуги за сметување на домашни и странски гости.