Увозните цени на коксот и нафтените деривати за една година се зголемиле 85,8 отсто

31

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 6,9 отсто на месечно ниво и повисоки за 85,8 отсто на годишно ниво.

Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од овој оддел во калкулациите при склучувањето на градежните договори, соопшти ДЗС.