Увозот на некои производи во ЕУ е погубен за шумите

34

Увозот на земјите членки на Европската унија во текот на 2017-та година бил одговорен за 16% од дефорестацијата што се поврзува со меѓународната трговија, што ја прави ЕУ втора во светот по одговорност за “уништување на шумите поради увоз“ веднаш зад Кина, покажуваат податоците на Светскиот фонд за природа.

Увозот на соја, палмино масло, говедско месо, но и производи од дрво, какао и кафе, ЕУ во 2017 година несоодветно придонесе за недостиг на 203.000 хектари тропски шуми претворени во земјоделско земјиште.

Таа бројка е еквивалент на 116 милиони тони јаглерод диоксид, односно вкупна емисија на штетни гасови што Белгија ги емитувала таа година, покажува извештајот што е направен врз основа на детална анализа на сателитски снимки, како и на земјоделски и комерцијални статистички податоци.

Кинескиот увоз е одговорен за 24% од сечење на шумите во светот, а влијанието е многу помал на земји како што се Индија (9%), САД (7%) и Јапонија (5%).

Фото: Pexels