Вака германски угостители ги забавуваат гостите и одржуваат физичка дистанца

97

Сопствениците на кафулиња и ресторани по укинувањето на рестриктивните мерки поради Ковид-19 имаат тешка задача – треба да го вратат профитот, да привлечат плашливи гости, а истовремено да ги исполнат сите услови за соодветно работење во време на здравствена криза.

Па така, германското кафуле Cafe & Konditorei Rothe, смисли начин да привлече гости кои ќе бидат сигурни дека се на безбедна оддалеченост едни од други. Гостите носат интересни шешири со реквизит за базен (шпагета) кои се доволно долги за физички да ги одвојат од другите луѓе со кои седат.

Овој локал почнал да работи минатата недела, во согласност со новите норми на владата, која почна да попушта со мерките во оваа земја. На луѓето оваа идеја им се допадна, па така фотографиите од кафулето станаа вирални.

Сопственикот на ова кафуле изјавил дека “во овие тешки времиња задоволство е да се насмеат луѓето“.

Фото: Facebook