Вака изгледа еко хотел во пустина

54

9

Оазата Сива се наоѓа на брегот на истоименото езеро во Египет, на 50 километри од либиската граница. Овој дел бил населен уште пред 10.000 години и преполн е со археолошки наоѓалишта. Доказ за тоа се древните населби и традиционалните сивански куќи кои неодамна се обновени и проширени со користење на традиционални методи на градење. Овие сивански куќи станаа дел од еколошки ориентираниот хотел Adrere Amellal, кој не нуди WiFi, телефон, електрична енергија, туку небо со ѕвезди и прекрасни пејсажи.

Куќите се обновени со мешавина на камена сол и кал која локално се нарекува кершеф, како и со камени блокови. Дебелите земјени ѕидови ја впиваат топлината преку ден и одржуваат свежина во затворен простор, а прозорците се наместени така што максимално го користат пустинското ветре. Единствен извор на светлина се свеќите и лампите. Креветите се изработени од пресуван памук, а собите се уредени со рачно изработен дрвен мебел.

1

2

3

4

5

6

7

8

10

11

12

13