Вака изгледаат чевли за социјална дистанца

251

Романски чевлар прави кожни чевли број 75 за да ги поттикне луѓето го почитуваат физичкото дистанцирање, откако забележал дека мал број ја почитуваат оваа мерка, пренесува Independent. Инаку, Григор Луп прави чевли 39 години.

“Можете да видите на улица дека луѓето воопшто не го почитуваат физичкото растојание. Ако двајца носат вакви чевли и се свртат еден кон друг, ќе има метар и половина растојание меѓу нив“, вели Луп.

Пред пандемијата, неговата продавница се потпираше претежно на нарачки за театри и оперски куќи низ целата земја, како и за традиционални ансамбли на народни танци. Пандемијата ги запре сите културни настани, а неговата работа почувствува големи последици.

За еден пар од овие чевли потребен е еден метар квадратен кожа, а купувачот треба да плати околу 100 евра. За да направи еден пар од овие чевли за социјална дистанца на Луп му се потребни два дена.

Фото: Facebook