Вака сега изгледа шопингот во Милано

111

Кога на деветти март Италија прогласи карантин, поради епидемијата на коронавирус сè уште беа во тек зимските распродажби.

Продавниците не престанаа да работат онлајн, а откако е донесена одлука летната распродажба во цела Италија да почне на први август, трговците почнаа со таканаречени меѓусезонски попусти, пренесува RTS.

Трошоците за изнајмување на простор, режиски трошоци, плус трошоците за заштитна опрема, термоскенери и плексиглас се високи, но трговците се надеваат дека ќе успеат да бидат на нула. Па така, 90% од локалите, отворени на 18 мај, водат сериозна борба за преживување преку разни намалувања кои ќе траат до втори јуни.

Во центарот на Милано како и во други италијански градови, на прв поглед изгледа како никогаш ништо да не се случило, но сепак ако погледате детално работите не се исти. Пред некои продавници во Милано има поставено мали столбови со ленти кои означуваат каде треба да се формира ред, додека на влезот во продавниците има поставено лице кое мери температура, брои колку луѓе влегле…

На улиците има помалку луѓе , јавниот превоз е празен, повеќе има велосипеди и автомобили. Бидејќи нема туристи, а меѓу жителите сè уште владее страв од зараза, во продавниците нема многу купувачи, без оглед на намалувањата.

Многу од продавниците не се ни отворени, во повеќето градови, една од три продавници е затворена.

Во многу продавници не може да се пробува облека, а пред гардероберот има лента на која пишува забранет влез. Онаму каде може да се проба облеката, истата оди во карантин, додека не се дезинфицира.

Италија уште “на прсти“ излегува од карантинот. Многу купувачи се ориентирале на онлајн трговија, се плашат од вирусот и не излегуваат од дома. Не сакаат да допираат облека којашто некој друг ја допирал. Трговците се надеваат дека со опаѓање на бројот на заразени, луѓето ќе почнат да се враќаат во нормален живот.

Фото:YouTube Printscreen