Вакцина или отказ: 120.000 работници мораат да изберат

64

Aмериканскиoт гигант во месната индустрија компанијата Тајсон најавија дека на вработените кои нема да се вакцинираат до 1 ноември, рокот што им е поставен од менаџментот, ќе бидат отпуштени, но ќе можат да се вратат на работа доколку се предомислат и се вакцинираат.

„Би сакал да им порачам на оние кои не се вакцинирани – ова е ваш избор и ние го почитуваме тој избор. Ако се предомислите и сакате повторно да се придружите на Тајсон – известете не. Нашите врати се отворени“, изјави претседателот и извршен директор Дони Кинг.

 

Компанија со седиште во Арканзас, која вработува 120.000 работници, на 3 август објави дека вакцинацијата е задолжителна и до кој рок работниците мора да ја примат вакцината доколку сакаат да ги задржат своите работни места. Тогаш беа вакцинирани околу 50 отсто од работниците во компанијата. По најавата на раководството, бројот на вакцинирани рапидно расте. Како што беше најавено, речиси двојно се зголеми. Сега, 96 отсто од 120.000 вработени се вакцинирани, пренесува Fortune.com.

„Ова е неверојатен резултат – не само за нашата компанија, туку и за вашите семејства и нашите заедници ширум светот“, рече претседателот и извршен директор на Тајсон, Дони Кинг во пораката до вработените.

Месната индустрија во Соединетите Држави беше сериозно погодена од пандемијата
Во пролетта 2020 година, кога вирусот влезе во фабриките за пакување месо принуди привремено затворање на многу сали и производствени погони, бидејќи голем број работници се разболеле или морале да бидат ставени во карантин.