Вакцината на Moderna не бара посебни услови за складирање и транспорт

53

Американската биотехнолошка компанија, Moderna објави дека нејзината вакцина против Ковид-19, според досегашните анализи, има ефикасност од 94,5%, што е слично на резултатот на Pfizer и BioNTech, чија вакцина е 90% ефикасна.

Moderna планира да поднесе барање за одобрување на вакцината на американскиот пазар и САД по проверката од регулаторните тела, заедно со Pfizer би можеле да добијат две одобрени вакцини и 60 милиони дози подготвени за дистрибуција веќе на почетокот на следната година.

Вакцините, што се развиени со помош на нова технологија позната како Messenger Rna – mRNA, се моќен инструмент за борба против пандемијата во којашто во светот досега починаа 1,3 милиони луѓе, а над 54 милиони се заразени.

За разлика од вакцината на Pfizer, онаа на Moderna може да се складира на нормална температура во ладилник и со тоа ќе обезбеди лесна дистрибуција.

Дистрибуцијата на вакцини е клучен фактор во време додека во светот има рекорден број на новозаразени, а некои земји се решаваат за повторно воведување на рестриктивни мерки.

Податоците на Moderna даваат потврда за ефикасност, којашто не е уште докажана, mRNA платформите го претвораат човечкиот организам во “фабрика“ за вакцина и ги поттикнуваат келиите да создаваат протеини за вирус што имунолошкиот систем ги гледа како закана и ги напаѓа.

Moderna очекува вакцината да биде стабилна 30 дена на вообичаена температура во ладилник од два до осум степени, а на минус 20 може да се чува и до шест месеци.

Вакцината на Pfizer мора да се чува и транспортира на температура од минус 70 степени, температура што ја има во арктичките зими. Може да се чува до пет дена на стандардна температура во ладилник или до 15 дена во термална кутија за превоз.

Фото: Facebook