Вакцини на црниот пазар достигнуваат цена од 250 до 1.200 долари

31

Вакцини против коронавирусот се продаваат на црниот пазар и тоа по цена меѓу 250 и 1.200 долари, соопшти компанијата Kaspersky, којашто до овие сознанија дошла истражувајќи го пазарот на Darknet, каде што се пронајдени огласи за продажба на вакцини.

Огласите, како што наведуваат од компанијата за глобална сајбер безбедност, биле за вакцините против коронавирусот од Pfizer/BioNTech, AstraZeneca и Moderna, а имало и продавачи кои рекламирале неквалфикувани вакцини.

Се наведува дека и најмногу продавачи на вакцини има во Франција, Германија, Велика Британија и САД и поголемиот дел од нив направи меѓу 100 и 500 трансакции.

Фото: Pexels