Вакцините на Pfizer во САД ќе бидат четири пати поскапи

51

Компанијата Фајзер очекува дека цената на вакцината за Ковид-19 по истекот на актуелната програма за откуп во Соединетите Американски Држави ќе биде четири пати повисока, помеѓу 110 и 130 долари, изјави директорката на фармацевтската компанија Ангела Лукин.

Лукин рече дека очекува вакцината, која моментално е бесплатна за секого, ќе продолжи да биде достапна без трошоци за луѓето кои имаат приватно осигурување или кои се платени од владата, пренесува Ројтерс.

Како што претходно објави овој медиум, ова зголемување на цената се очекуваше на Волстрит, земајќи ја предвид послабата побарувачка за вакцини за Ковид-19, што укажува дека производителите ќе треба да ги зголемат цените за да ја постигнат предвидената заработка во 2023 година.

Американската влада моментално им плаќа на Pfizer и BioNTech 30 долари по доза. Во 2023 година, по завршувањето на програмата за здравствена заштита, се очекува пазарот во САД да се сврти кон приватното осигурување.

„Убедени сме дека цената на вакцините за Ковид-19 во САД ја одразува исплатливоста и дека тоа сигурно нема да биде бариера за пациентите“, рече Лукин. Сè уште не е јасно како луѓето без осигурување ќе можат да ја добијат вакцината.

„Фајзер“ објави дека очекуваат пазарот на вакцини против коронавирус да ја достигне големината на пазарот за вакцини против грип за возрасни, но дека на пазарот на вакцини за деца, земајќи го предвид бројот на дадени дози, ќе им треба повеќе време.